“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 15. јун 2018.

Рамазан Бајрам

Верниците од исламската вероисповед денеска (15.06.2018) го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. 
Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.  
Рамазан - Бајрам се слави три дена.
Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. 
Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.  Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат.
Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.
На првиот ден од Бајрам се одржува утринска молитва - Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. 
Се облекуваат најубавите работи како за на слава, а се излегува со „тегбир“. 
После молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. 
Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите... 
Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.


Исламското учење вели дека во месецот на Рамазан е објавена светата книга Куран.

Честит Рамазан Бајрам!

Нема коментара:

Постави коментар