“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

среда, 07. април 2021.

СРЕДНОРОЧЕН ИОП–ИНДИВИДУАЛЕН ОБРАЗОВЕН ПЛАН

 

Име и презиме:                                                                       

Одделение/група:      VIII                      

Наставник : Аида Петровска                                              

Временска рамка: од септември до јануари                    

Тема:  Движење и сили

ДИФЕРЕНЦИРАНИ  ЦЕЛИ

ДИФЕРЕНЦИРАНИ СТРАТЕГИИ (цели, форми, методи, активности)

ПОСТИГНАТ УСПЕХ

 

- да препознава кое тело се движи, а кое не;

- да определува кое тело се движи праволиниски, а кое криволиниски;

- да препознава кога едно тело се движи забрзано;

- да умее со помош на инерцијата да објаснуваат примери од секојдневието;

- да знае дека силите секогаш дејствуваат во пар (акција-реакција) и дека тие сили се еднакви по големина, но дејсвуваат во спротивна насока;

- да го објаснува влијанието на силата на триење со придвижувањето на телата;

- да го применува

 знаењето на едноставни задачи;

 

 

-да учествува во дијалог со наставник или ученик

 

-да одговори на прашањаа со кратка реченица

 

-да набљудува различни тела во непосредната околина

 

-индивидуална

 

-во пар

 

-дијалошка

 

-демонстративна

 

-Изведување експеримент

 

 

- препознава кое тело се движи, а кое не ;

- определува кое тело се движи праволиниски, а кое криволиниски;

-  препознава кога едно тело се движи забрзано;

- умее со помош на инерцијата да објаснуваат примери од секојдневието;

-  разбира дека силите секогаш дејствуваат во пар (акција-реакција);

- ја препознава силата на триење на приемери од секојдневниот живот;

 

 

Нема коментара:

Постави коментар