“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

уторак, 06. април 2021.

Тематско планирање 2021 - ЕЛЕКТРИЧНИ И МАГНЕТНИ ПОЈАВИ

 

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ



За настава по предметот: физика

Училиште: „Димитар Миладинов“ Општина Центар - Скопје

паралелки : IX б,в

учебна : 2020/2021 год.






                                    предметен наставник ,                                   директор,

           Аида Петровска                             Марија Версамис Симоновска

      _______________                                _______________________



Тематско-процесно планирање на наставата по

 физика  за 9.oдд. учебна 2020/2021 год

Училиште: ООУ Димитар Миладинов

Наставна тема: ЕЛЕКТРИЧНИ И МАГНЕТНИ ПОЈАВИ

Наставник: Аида Петровска

 Одделение: 9Б, 9В

 

Бр.

НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ И ДРУГИ ЧАСОВИ

Време на реализација

Забелешка

1

Невидливи сили

јануари

Сите часови се одвиваат online

2

Електрични полнежи и нивно заемно дејство

јануари

3

Електростатика околу нас

февруари

4

Електрична струја. Спроводници, изолатори и полупроводници

февруари

5

Повторување

февруари

6

Струен круг и неговите елементи, правење струјни кола

февруари

7

Мерење на јачината на струјата кај сериски струјни кола

февруари

8

Мерење на јачината на струјата кај сериски струјни кола со различен бр. батерии

февруари

9

Мерење на јачината на струјата кај паралелни струјни кола

февруари

10

Проучување на отпорот

февруари

11

Вовед во напон

март

12

Напон во сериски и паралелни кола

март

13

Омов Закон

март

14

Нумерички вежби

март

15

Тест : Електрични појави

март

16

Својства на магнетите

март

17

Магнети и магнетно поле

март

18

Магнетно дејство на електрична струја

април

19

Електромагнет

април

20

Тематско повторување

април

21

Повторување за магнетни појави

април


Час бр.1,2,3,4

1.Цели:

а.  Посебни наставни цели

Ученикот/ученичката:

- да може да наведе примери за постоење на различни електрични полнежи и нивно заемодејство;

- да научи дека телата може да се електризираат со триење, допир и инфлуенца;

- да објасни што е електрична инфлуенца;

- да дефинира елементарен ел. полнеж и единица мерка (кулон);   

- да го објасни постоењето и представувањето на електричното поле;

- да го разбира концептот за електрична струја;

   б.  Очекувани исходи

Ученикот/ученичката:

- наведува примери за електрични полнежи и нивно заемодејство;

- знае и може да покаже дека телата можат да се електризираат со триење, допир и инфлуенца;

- може да објасни дека дејството меѓу полнежите се случува преку електрично поле;

- ја објаснува спроводливоста во металите, течностите и гасовите;

- разликува спроводници и изолатори и има основни познавања за полуспроводници;

2.Наставни форми:

Фронтална , индивидуална , групна , индивидуализирана, во парови

3.Наставни методи и техники :

Методи : монолог, дијалог, метод на разговор, набљудување, демонстративна метода и истите со посредство на ИКТ.

Техники : мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, чекање.

4. Наставни средства:

Училишен прибор, учебник, компјутер, училишна тетратка

- нагледни средства: стаклена и пластична прачка, волнена и свилена крпа, електроскоп, метални жици (проводници), чешел,ситни ливчиња од хартија и др.

- Наставни ливчиња

5. Активности на наставниците и учениците :

Електризирање на тела изолатори и спроводници;

-  Испитување на заемнодејството помеѓу истоимено и разноимено наелектризирани тела со електроскоп;

-  истражување од статичкиот електрицитет (електризирање на ч.коса,ситни  ливчиња....);

   Значајно место во наставата ќе има и компјутерот. Тој ќе се користи како алатка за обработка на податоците, моделирање, анализа, набљудување анимации, користење симулации и аплети од Интернет за виртуелно демонстрирање и експериментирање, одржување, следење и заведување на час.

Сите часови ќе со примена на ИКТ според потребите од содржината на часот.

Честа примена ќе имаат PhEt симулациите:

1.    Балони, статички електрицитет

2.    Полнежи и полиња

3.    Траволтажа

За полесно совладување и пред се за постигнување на наставните цели ќе бидат реализирани следните активности (обиди, демонстрации, вежби идр.) : 

- електризирање на стаклена и пластична прачка со триење со волненна и свилена  крпа соодветно,

- испитување на заемодејството помеѓу истоимено и разноимено наелектризирани тела со електроскоп.

- испитување на заемнодејството помеѓу истоимено и разноимено наелектризирани тела со електроскоп;

- истражување од статичкиот електрицитет (електризирање на ч.коса,ситни ливчиња....)

6. Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:

Знаења стекнати во 5 одд. наставен предмет природни науки и физика 8 одд.

Природна група предмети: хемија, географија како и  математика.

7. Следење и оценување на постигањата на учениците:

За да се оценат постигнувањата на ученикот неопходно е :

- да се согледаат неговите предходни искуства, знаења и вештини, преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;

- континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајност во извршувањето на обврските.

- Постигнатоста на целите и учењето на учениците  се постигнува преку:

- Методи на усни проверување. 

- усни одговори на поставени прашања од наставникот;

- усни одговори на прашања поставени од учениците;

- разговор со учениците;

- Методи за проверка на практична оспособеност (изработка на табели и графици, решавање задачи)

- Методи за оценување на писмени одговори

- одговори на однапред подготвени  прашања

- Домашна работа


8. Користење на условите од локалната средина:

    Посета на електротехничкиот факултет или тие нас да не посетат со   

    едно online  предавање

 

9. Планирање и активности на ученици со посебни потреби (во деветто одд. немаме таков ученик, но доколку се запише во текот на учебната година, ќе се обидам да го научам следното 

- Ученикот ги набројува електоизолациони и спроводни материјали и ги набројува преносителите на струја кај течности, гасови и метали.

    

Час бр.5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15

1.Цели:

а.  Посебни наставни цели

Ученикот/ученичката:

- да го разбира концептот за електрична струја;

- да разликува спроводливост во метали, течности и гасови;

- да препознава извор на електрична струја, потрошувач и спроводник, да ја знае нивната улога во струјниот круг и шематски да ги претставува;

- да научи што е јачина, напон и отпор на електричната струја и со кои инструменти  и како истите се мерат и изразуваат (единици мерки);

- да научи како гласи Омовиот закон.

-да знае да поврзува потрошувачи сериски, паралелно и комбинирано и да го пресметува вкупниот отпор;

-да стекне основни познавања за електричен капацитет, кондензатор и поврзување на повеќе кондензатори;

-да ја опише работата и моќноста на електричната струја и истите да ги пресметува и изразува во соодветните единици мерки;

-да научи како да се заштити од струен удар;

б.  Очекувани исходи

Ученикот/ученичката:

- составува струен круг, објаснувајки ја улогата на секој елемент во него;

- знае што е амперметар, волтметар и омметар, како се поврзуваат во струен круг, што се мери со секој од нив поединечно и со кои единици мерки се изразуваат измерените величини; 

- разликува спроводници и изолатори и има основни познавања за полуспроводници;

- може да набројува електрични уреди во кои електричната енергија се претвора во друг вид на енрегија;

- го разбира Омовиот закон квалитативно и квантитативно, што значи може да ја прикаже графички зависноста на струјата од напонот за различни отпори, од даден график да го определи отпорот на потрошувачот и го применува законот во практични примери и задачи;

- ја разбира суштината на поимот специфичен електричен отпор и може да објасни од кои величини зависи отпорот.

-потрошувачите може да ги поврзува сериски, паралелно и комбинирано и да го пресмета вкупниот отпор на секоја врска;

- ја разбира суштината на поимот специфичен електричен отпор и може да објасни од кои величини зависи отпорот;

- има стекнато основни познавања за електричниот капацитет и кондензатор;

- знае што е моќност на електричната струја, ги разликува единиците мерки за работа и моќност на струјата, ги применува изразите за работа и моќност на струјата во практични примери и задачи и знае како да се заштити од струен удар. 

2. Наставни форми:

Фронтална , индивидуална , групна , индивидуализирана, во пар.

3.Наставни методи и техники :

Методи : монолог, дијалог, метод на разговор, набљудувањеи демонстративна метода и ИКТ.

Техники : коцка, грозд, аквариум, венов дијаграм, ЗСУ, реципрочно предавање, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, чекање. 

4.Наставни средства:

Училишен прибор, учебник, компјутер, училишна тетратка

- нагледни средства: електроскоп, метални жици (проводници), батерии од 4,5 V, сијалички, амперметар, волтметар (наставник да демонстрира пред камера)

- е - Наставни ливчиња 

5.Активности на наставниците и учениците :

   Значајно место во наставата ќе има и компјутерот. Тој ќе се користи како алатка за обработка на податоците, моделирање, анализа, набљудување анимации, користење симулации и аплети од Интернет за виртуелно демонстрирање и експериментирање, како и реализирање на часот со сите активности.

 Сите часови ќе со примена на ИКТ според потребите од содржината на часот.

Честа примена ќе имаат PhEt симулациите:

1. Отпорност

2. Омов закон

3. Електроработилница (еднонасочна струја)

4. ООР подготвени од наставникот.

За полесно совладување и пред се за постигнување на наставните цели ќе бидат реализирани следните активности (обиди, демонстрации, вежби идр.):  

- Составување на електричен струен круг со неговите елементи и нивно шематско представување сврзување на амперметар во струен круг и мерење на јачината на струјата.

- демонстрација на различни уреди во кои електричната енергија се претвора во друг вид на енергија преку слики, Интернет или електрични апарати

- сврзување на волтметар во струен круг и мерење на напонот меѓу различни точки во струјниот круг.

- демонстрирање на зависноста на електричниот отпор од l, S и ρ 

6. Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети :

Знаења стекнати во 5 одд. наставен предмет природни науки и физика 8одд.

хемија, математика. 

7. Следење и оценување на постигањата на учениците :

 За да се оценат постигањата на ученикот неопходно е :

- да се согледаат неговите предходни искуства, знаења и вештини, преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;

- континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајност во извршувањето на обврските.

- Постигнатоста на целите и учењето на учениците  се постигнува преку:

- Методи на усни проверувања

- усни одговори на поставени прашања од наставникот;

- усни одговори на прашања поставени од учениците;

- разговор со учениците;

- Методи за проверка на практична оспособеност (изработка на табели и графици, решавање на  задачи)

- Методи за оценување на писмени одговори одговори на однапред подготвени  прашања.

- Домашна работа.

- Изработени презентации, постери, видеа и др.

 

8. Користење на условите од локалната средина:

Посета на хидроцентрала и Музеј Матка. 

9. Планирање и активности на ученици со посебни потреби (во деветто одд. немаме таков ученик, но доколку се запише во текот на учебната година, ќе се обидам да го научам следното:                                                                            

Ги препознава основните елементи на едно ел.коло, разликува отпор од напон.Го запишува Омовиот закон .

Час бр. 16,17,18,19,20,21.
1.Цели: 
а.  Посебни наставни цели
Ученикот/ученичката:
- да објасни што е: магнет, магнетно поле, заемното дејство меѓу магнетните полови, соленоид, електромагнет, електромотор;
- да ја опише појавата електромагнетна индукција и добивањето на наизменична струја;
- да ја знае примената на магнетното дејство на струјата кај електромагнетот;
- да ја објанува работата на електромоторот
- да ја опише појавата електромагнетна индукција.  
б.  Очекувани исходи
Ученикот/ученичката:
- може да го опише магнетот, магнетното поле, заемодејството на половите на магнетот и да одговори на прашањето што е агол на деклинација;
- може да го опише магнетното дејство на електричната струја и неговата примена кај електромагнетот и електромоторот, објаснувајки ја нивната градба и функција;
- може да ја опише појавата на електромагнетна индукција;
- знае што е генератор, кои се неговите главни делови и го објаснува принципот на работа на генераторот т. е. може да го објасни добивањето на наизменичната струја; 
2. Наставни форми:
Фронтална , индивидуална , групна , индивидуализирана, во пар. 
3.Наставни методи и техники :
Методи: монолог, дијалог, метод на разговор, набљудувањеи демонстративна метода и ИКТ  .
Техники : коцка, грозд, аквариум,венов дијаграм, ЗСУ, реципрочно предавање, мисловни мапи, сложувалка, пауза за разјаснување, чекање. 
4.Наставни средства:
Училишен прибор, учебник, компјутер, училишна тетратка
нагледни средства: метални жици (проводници), батерии од 4,5 V, амперметар, волтметар, магнети, калеми, галванометар, електромотор.         
5.Активности на наставниците и учениците :
Демонстрирање на :
-  магнетно поле на постојан магнет,
-  заемодејство  меѓу магнети,
-  дејство на магнетно поле околу проводник низ кој тече струја врз магнетна игла
- електромагнет и електромотор
-  изработка на електромотор 
6. Корелација и интеграција со други наставни содржини и предмети:
Знаења стекнати во 5 одд. наставен предмет природни науки, техничко образованиеи физика 8одд. хемија, географија, математика 
 
7. Следење и оценување на постигањата на учениците:
За да се оценат постигањата на ученикот неопходно е :
- да се согледаат неговите предходни искуства, знаења и вештини, преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
- континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајност во извршувањето на обврските.
- Постигнатоста на целите и учењето на учениците  се постигнува преку:
- Методи на усни проверување
- усни одговори на поставени прашања од наставникот;
- усни одговори на прашања поставени од учениците;
- разговор со учениците;
- Методи за проверка на практична оспособеност (изработување на електромотор, демонстрација на Ленцовото правило)
- Методи за оценување на писмени одговори
- одговори на однапред подготвени  прашања
- Домашна работа,
- Проектна активност,
- Решавање проблеми.
8. Користење на условите од локалната средина:
 Посета на хидроцентрала и Музеј Матка.
 
9. Планирање и активности на ученици со посебни потреби (во деветто одд. немаме таков ученик, но доколку се запише во текот на учебната година, ќе се обидам да го научам следното: 
Демонстрира заемнодејство на магнети, набројува основни делови не електромотор.
10. Забелешка од реализација на темата 



Нема коментара:

Постави коментар