“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

уторак, 06. април 2021.

Планирање на оценување во предметна настава за учебната 2020/2021 година

 

Планирање на оценување во предметна настава за учебната  2020/2021 година

Наставни предмети

 

Цел на активноста

 

Активности

Носител на активноста

Време на реализација

 

Очекувани резултати

 

 

Сите предмети што се изучуваат од петто до осмо одделение

Усогласување на критериумите за оценување по сите предмeти;

Информирани родители;

Оценки поблиски до вистинските знаења;

Ученици вклучени во оценувањето;

Прибирање повеке податоци за напредокот на ученикот;

Подобро учење на учениците.....

 

 

Договор за начините и периодите на проверување на ученичките знаења, состаноци по активи за размена на искуства и советувања.

 

 

Сите наставници во предметна настава, педагошко – психолошка служба, директор.

 

 

Од октомври 2020 до јуни 2021 год.

 

 

Исполнување на зададените цели;                                        Задоволство на учениците, родителите, наставниците;

 


Формативно оценување

Инструменти за формативни цели:

– наставни листови (чек листа на самооценување или оценување на соученик)

– наставни ливчиња со задачи по ниво( давање писмена повратна информација)

– усни одговори

– писмени задачи

– домашни задачи

– практична проектна активност

– практични работни задачи

 

Сумативно оценување

Инструменти за сумативни  цели:

тематски писмени работи

бодовна скала: 0-25=(1),  26-45=(2), 46-65=(3), 66-85=(4), 86-100=(5)

усни одговори


Во оваа учебна година нагласок е даден на презентациите како изразни средства. Учениците се со години подготвувани да умеат да ги претстават своите трудови, истражувања, проектни активности, проблемски задачи,... на најдобар начин преку разни видови на презентации и презентирање. 

 

Листа за проверка  при  оценување на презентација

Подготовка

·       проверува дали има се што е потребно и дали функционира.

 Организација

·       има јасен вовед,

·       има логичен развој,

·       извлекува заклучок.

 Содржина

·       презентацијата дава релевантни информации,

·       изворите се релевантно поткрепени со податоци и нагледност,

·       презентацијата покажува добро користење на изворите.

   Презентацијата

·       зборува јасно,

·       користи соодветен јазик,

·       користи соодветни движења на телото,

·       поставува прашања и обезбедува одговор на поставените прашања,

·       планираната нагледност соодветна,

·       ги почитува временските рамки.

    Способност за презентација

·       ги прилагодува информациите за слушателите,

·       јасноста и текот се очигледни,

·       добро одговара на прашањата.


Бодови                                  Способност за презентирање

 

 

4 бода (извондреден)

Спокоен, со јасна артикулација, соодветна јачина на гласот, рамномерно темпо, добро држање на телото и контакт со очите, покажува ентузијазам, самодоверба

 

3 бода (добар)

Релевантно јасна артикулација, прилично рамномерно темпо, извесен контакт со очите, главно ентузијастички .

 

2 бода (прифатлив)

 

Со извесно мрмолење, мал контакт со очите, нееднакво темпо , со мала или без никаква изразеност .

 

1 бод (почетнички)

 

Тежок да се рабере, без контакт со очите, со премногу брзо / бавно темпо , говорникот изгледа немотивирано .

             

Ученик

 

Организација

 

Содржина

 

Презентација

 

Вкупно

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

     












ЛИСТА ЗА АНАЛИТИЧКО БОДИРАЊЕ ПРИ ВРЕДНУВАЊЕ НА УСНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА 

Бодови                                                Организација

 

 

4 бода (извондредна)

Добро организирана презентација. Мислите  имаат логичен редослед, по една мисла следи друга. Сите, скоро сите премини меѓу деловите се складни. Има добар тек.

 

3 бода (добар)

Умерено добра организирана презантација. Најголем дел од мислите се наредени логично. Присутни се  складни премини меѓу деловите .

 

2 бода (прифатлив)

 

Слабо организирана презентација. Мислите  не следат една по друга . Преодите се слаби. Тешко е да се следи логичноста на преаентацијата .

 

1 бод (почетнички)

 

Присутни се само неколку или воопшто нема организациски карактеристики. Случајна  збирка  на лабаво поврзани идеи .


Бодови                                                    

Содржина 

4 бода (извонредна)       

Ученикот покажува добри разбирања на релевантните и важните  идеи .

 

3 бода (добар)

Ученикот вклучува извесни значајни идеи коишто се однесуваат на тематиката. Ученикот има познавања за тематиката .

 

2 бода (прифатлив)

 

Ученикот можеби вклучува значајна идеја  или неколки факти, но не ги развиви идеите ниту врските меѓу нив.

1 бод (почетнички)

 

Ученикот покажува ограничено разбирање на темата.


   Прилог 2

              Холистичка листа за оценување на есеј

 

4 

- Есејот содржи извонредни информации,

- Изворите се релевантно поткрепени со податоци,

- Има систематичност и доследност во презентирање на фактите.

 

3

- Есејот содржи доста информации за темата,

- Има систематичност во презентирањето на фактите која не е

секогаш  доследно спроведена.

 

2

- Есејот содржи мал број информации за темата

- Повеќе факти се презентирани без да се следи еден систем на организирање

- Податоците се измешани , зклучоците не се логичи    изведени

 

1

- Есејот содржи основни информации за темата,

- Есејот содржи минимален фонд на податоци,

- презентирани се мал број факти.

 

0

- Есејот содржи недоволно информации за темата,

- Не е организиран,

- Есејот нема логичен распоред.

 



Листа за бодување при оценување на изведување на експеримент

3

Воочува проблем, поставува хипотеза, планира експеримент изведува и интерпретира .

 

2

воочува проблем, поставуву хипотеза, планира експеримент, но изведбата и интерпретирањето се површни, а заклучокот не е поврзан со претпоставката.

 

1

Воочува проблем, поставува хипотеза, не планира темелно, прикажани се недоволни податоци, се обидува да даде заклучок .

0

задачата не е извршена во ниту еден аспект .



Прилог 3

Листа за бодување при оценување на изведување на експеримент

3 поени – воочува проблем, поставува хипотеза, планира експеримент изведува и интерпретира .

2 поени – воочува проблем, поставуву хипотеза, планира експеримент, но изведбата и интерпретирањето се површни, а заклучокот не е поврзан со претпоставката .

1 поен – воочува проблем, поставува хипотеза, не планира темелно, прикажани се недоволни податоци, се обидува да даде заклучок .

0 поени – задачата не е извршена во ниту еден аспект 


ПРИЛОГ 4

 

Холистичка листа за оценување на проектните активности

 

ОДЛИЧЕН (5)

- Активно учествува и го подобрува квалитетот на проектот со свои прилози.

- Главните прашања во проектот се нагласени.

- Наведени се потребните ресурси за проектот.

- Креира уникатни продукти со добар квалитет.

- Добро организирана презентација , изобилува со јасно поврзани податоци, покажана е самодоверба при презентирањето.

- Ги користи потребните веб 2 алатки се со цел да го подобри своето  знаење или проектот.

- Креира и одржува листа на активности самостојно, се со цел да го подобри своето знаење или проектот.

- Предлага  страници за креирање, истите ги полни со квалитетни содржини и ги користи да го подобри    своето знаење или проектот.

МНОГУ ДОБАР (4)
- Учествува со мал број сопствени прилози во 
  проектот со цел да го подобри.
- Главните прашања во проектот се јасно изложени.
- Наведени се неколкуте извори што се користат во 
  проектот.
- Креира продукти со превземени идеи со добар 
  квалитет.
- Добро организирана презентација, изобилува со 
  податоци кои во поголем број делови се
  поврзани, покажана е самодоверба при  
  презентирањето.
- Ги користи алатките соодветно и самостојно, но, не е сигурен за       улогата на алатките.
- Предлага  страници самостојно, но, не е сигурен за 
  улогата на страниците и за тоа како да
  ги користи страниците во овој проект.

ДОБАР (3)
- Учествува во проектот со помош од соучениците или наставникот, но не му е јасна улогата на проектот.
- Наведени се некои од главните прашања.
- Наведен е само еден извор што се користи во проектот.
- Креира неоргинални продукти со слаб квалитет.
- Просечно организирана презентација, изобилува со податоци кои во мал број делови се поврзани, несигурност при презентирањето.
- Не му е јасна улогата на алатката во овој проект.
- Предлага страници со мала помош од наставникот или друг ученик, но не му е јасна улогата на страниците во овој проект.

ДОВОЛЕН (2)
- Учествува во проектот со голема помош на наставникот и со конфузија за улогата на проектот.
- Направен е обид да се забележат главните прашања.
- Наведени се несоодветни извори.
- Се обидува да создаде продукт.
- Слабо организирана презентација, со недоволен број на податоци кои се неповрзани покажана е несигурност во презентирањето.
- Креира листа на активности со голема помош од наставникот или 
  друг ученик и со конфузија за улогата на активностите во овој проект.
- Предлага страници со голема помош од наставникот или друг ученик и со конфузија за улогата на страниците во овој проект.

НЕДОВОЛЕН (1):
- Воопшто или многу малку учествува во проектот со свои прилози.
- Главните прашања се нејасни.
- Не се наведени никакви извори.
- Не креира продукти.
- Неорганизирана презентација, сиромашна со податоци , насигурност во презентирањето
- Не предлага ниту креира активности и не ги користи понудените алатки.

ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УЧЕНИКОТ ВО ГРУПАДАДЕЛУМНОНЕ
1. Учествува во сите фази на  
    создавањето на проектот.




2. Добро соработува со поголем 
    дел од учениците во
    групата.




3. Го разбира проблемот и  
    размислува за откривање на      
    неговото решение.




4. Активен е во групата и дава  
    свои предлози со цел за
    унапредување на работата на  
    групата.




5. Врши проверка на собраните 
    информации и материјали.




6. Нуди доста информации и сите 
    се релевантни.




7. Добиените задачи ги исполнува 
    навремено.





ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ НА ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ
1. Какво беше твоето учество во секоја фаза од 
    проектот?
2. Што научи од оваа практично искуство?
3. Кои се твоите силни страни во улогата што ја 
    маше превземено во процесот во  создавањето на 
    проектот?
4. Кои се твоите слаби страни?
5. Доколку би работел повторно на истиот проект,
    што би направил поинаку изошто?
6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 
    1 до 5 и објасни зошто.

Нема коментара:

Постави коментар